fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Печуркарите тријат раце, месарите едвај чекаат да заврши постот!

Шампињоните се хит, цената им е пристојна, 200 денари рефус килограм, а едно пакување во маркетите оди и до 120 денари

Двојно е зголемена продажбата на печурки во време на постот. Колку ќе донесат, толку ќе продадат и тоа главно претпладне. Овој зеленчук прв пламнува на пазарите, а трговците велат дека ако до пред некој ден продавале по две-три гајби дневно, сега и десетина им се малку. Во некои од дуќаните уште рано изутрина ги снемува пакувањата во фрижидерите. Шампињоните се хит, цената им е пристојна, 200 денари кило, а едно пакување во маркетите оди и до 120 денари, објави slobodenpecat.mk

– Со печурките го заменуваат месото. Цената не им е зголемена, а по велигденските пости, продажбата ќе се врати во нормала – велат на зелениот пазар.

Од друга страна, месарниците се празни, понудата е голема, но купувачи речиси и да нема.

Никој не купува и сувомесни производи, сите се насочени кон зеленчук, се жалат месарите. Сепак, за оние што имаат пари и предвреме си ја планираат велигденската трпеза, се појавија првите јагниња чија цена е 599 денари што е речиси двојно поскапо од цената на јагнешкото за Божиќ. Дури и јагнешките главчиња сега чинат 69 денари, а дроп-сармата е 189 денари килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close