fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски- оризот да биде стратешка култура која ќе се чува за стоковите резерви

Го повикувам претседателот на Собранието уште денес да закаже собраниска седница и да се донесе овој закон

Денес остварив работна средба со Никола Мицевски, Бојан Стојановски и Миле Лефков, пратеници во Собранието на Република Македонија, на којашто разговаравме оризот да биде стратешка култура која ќе се чува за стоковите резерви на државата, објави заменик министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
Донесовме заклучок дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште денес ќе ги заврши сите процедури и предлогот ќе помине на комисија за финансирање и буџет со што законот за Стокови резерви ќе може уште денес да се најде на пленарна седница во Собранието на Република Македонија.
Го повикувам Претседателот на Собранието уште денес да закаже собраниска седница и да се донесе овој закон кој што е од голема важност за оризопроизводителите во Република Македонија.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close