Пролетната зелка во струмичко се откупува за 40 денари за килограм
Се извезува речиси во цела Европа
Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина.
-До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам дека ќе продолжиме по празникот. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне, смета Благој Витанов, трговец од Струмица.
И производителите се задоволни од откупната цена на пролетната зелка, која освен на откупувачите ја продаваат и на Пазарот на големо во Струмица.