fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во Кочанско нова сеидбена сезона на оризот со стари проблеми

Сеидбата на оризот треба да стартува за околу еден месец.

Нова сеидбена сезона на оризот со стари проблеми – несертифициран семенски материјал, неутврдена производна цена, неисчистени канали за наводнување. Земјоделците бараат исплата на субвенциите и зелената нафта. Половина од родот од минатата година, околу 10 милиони тони арпа, остана неоткупена…

Сеидбата на оризот треба да стартува за околу еден месец. 3.700 хектари во Кочанско поле се подготвуваат за сеидба, но оризопроизводителите стравуваат дека и годинава неисчистените канали ќе бидат причина за доцнење на сеидбата

Од кочанската подружница на Водостопанство „Брегалница“, велат дека чистењето на каналите преку кои од Брегалница и Калиманци водата оди до нивите, се реализира според планот

Пред сеидбата оризопроизводителите бараат исплата на субвенциите и надоместок за зелена нафта.

Во Кочанско поле и годинава ќе се сее со несертифицирано семе и со неутврдена производна цена.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close