fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Денеска и утре во прекин сообраќајот на граничните премини со Грција

Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

Денеска и утре сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина рекоа дека граѓаните кои во овие два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независна управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк на 2 и 3 април, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close