fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

6.000 денари за пријавена површина тутун и 12.000 денари за зелена нафта по хектар за секој тутунар

МЗШВ: Нека е честит Денот на тутунарите

Ја знаеме и почитуваме маката на тутунопроизводителите, но уште подобро знаеме да се грижиме за тутунарите. Борејќи се за фер откупна цена, која ја цени маката на секој тутунар. Креирајќи конкретни мерки, за стабилно и на долг рок, развиено производство на тутун.

Денес тутунарите имаат откупна цена која изнесува 365 денари по килограм предаден тутун, за разлика од 2016 година, кога цената бeше 220 денари.

 

Тутунарите до 2016 година добиваа субвенционирање од 60 денари еднакво за сите класи, со сложена процедура и бели картони. Денес субвенционирањето е зголемено и различно за секоја класа, односно 80 денари за прва каласа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа предаден тутун, а белите картони и сложената процедура стана историја.

 

Оваа 2024 година тутунарите за оваа реколта добиваат за 20 денари зголемени субвенции по класа предаден тутун. На располагање имаат нова мерка за поддршка по пријавена површина тутун, во висина од 6.000 денари по хектар. Мерка со која тутунарите стекнуваат право и на мерката за зелена нафта, со поддршка од 12.000 денари.

 

Сме докажале дека сме искрен партнер на тутунарите, на секој еден земјоделец. Докажавме дека знаеме како да го развиеме македонското земјоделство и дека можеме подобро.

 

Нека е честит Денот на тутунарите. Продолжуваме заедно, посветено работејќи за уште поголем развој на тутунопроизводството и развој на македонското земјоделство.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close