Агро бизнисБез категоријаВестиВидео/интервјуа
Полицијата го најде битолчанецот што ја искрши оградата на мостот кај „Кланица“ и му поднесе пријава
Поднесена е пркршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир
СВР Битола во текот на вчерашниот ден го најде мажот кој во два наврати ја искрши оградата на дрвениот мост кај населбата „Кланица“ во Битола и му поднесе пријава.
-Лицето е идентификувано, со него е обавен разговор и поднесена е пркршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, потврдија од СВР Битола за АПЛА.мк https://apla.mk/
Завчера и во текот на вчерашниот дел, лицето намерно ја кршело оградата на дрвениот мост, нарушувајќи ја безбедноста и стабилноста на мостот. Во текот на вчерашниот дел случајни минувачи го снимија човекот со мобилен телефон како повторно ја крши оградата, односно тоа што остана од неа откако претходно ги искрши дрвените рамки на повеќе места од мостот и ги фрлил во реката Драгор.
А.Блажевска