fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3 од ИПАРД 3 програмата

Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката

Покрај помошта од државниот буџет, голем придонес во поддршката на земјоделството и оризопроизводството дава и ИПАРД програмата на ЕУ, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, при посетата на кочанскиот оризопрозводен регион, при што ги пофали земјоделците од Кочанско како рекордери во искористувањето на финансиските средства.

-Овде имаме над 20 успешни ИПАРД приказни, односно нема село каде што ја нема таблата со проект од ИПАРД. Сакам да ги информирам сите заинтересирани апликанти дека од утре стартува повикот за мерката 3 од ИПАРД 3 програмата, а кај нас почнува како прва земја од регионот. Со овој повик на располагање има 14 милиони евра за потребите на преработувачката индустрија, а се однесува за инвестиции во основни средства за преработка и марктетинг на земјоделски производи. Финансиската поддршка за кофинансирање е минимум 50 отсто од прифатливите трошоци, а може да достигне и до 60 проценти ако инвестицијата опфати и енергетска ефикасност, призводство на биомаса, обновливи извори на енергија и слично. Минималната вредност на инвестициите е 50 илјади евра, а максималниот износ е 1,5 милион евра по корисник, додаде Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close