fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

И годинава нема да има род на праски и кајсии во Росоман и Градско

По ланската суша поради хаваријата на системот Макарија, која се случи кон крајот на мај, овошките и годинава нема да дадат род, предупредуваат земјоделците од регионот.

Ниту годинава овоштарите од Росоман и Градско нема да имаат богат и добар род. По ланската суша поради хаваријата на системот Макарија, која се случи кон крајот на мај, овошките и годинава нема да дадат род, предупредуваат земјоделците од регионот, пишува https://sdk.mk/

„Годинава немаше родни папки на кајсијата, а кај праската имаше дупли праски. Плодот ја извлече водата од овошките и немаше доволно вода за да се формираат плодовите. Тие нема да бидат ниту за конзумирање, ниту за конзервната индустрија. Ќе има род, но ќе биде многу мал. И годинава ќе ги чувствуваме последиците од хаваријата на системот Макарија“, кажа Владо Орданов, овоштар од Росоман.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски по хаваријата на Макарија им порача на општините Градско и Росоман да ги проценат штетите што поскоро за да можат земјоделците да бидат обесштетени. Од Општина Градско уште пред два месеца соопштија дека штетата кај нив е проценета на 117 милиони денари за намалениот род на грозјето, кајсиите и праските. Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, и два месеца од поставеното прашање не ја соопштува проценетата штета за оваа општина, а нема одговор ниту од Министерството за земјоделство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close