fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За околу две години ќе биде отворен граничниот премин Лемос-Маркова нога

Цели 57 години жителите на поширокиот регион на Преспа, како во Северна Македонија, така и во Грција чекаат граничниот премин Лемос-Маркова нога одново да биде отворен, нешто што се очекува да се случи за околу две години, како што открива за МИА градоначалникот на грчката општина Преспа Јоргос Стергиу.

Повеќе од половина век, поконкретно цели 57 години жителите на поширокиот регион на Преспа, како во Северна Македонија, така и во Грција чекаат граничниот премин Лемос-Маркова нога одново да биде отворен, нешто што се очекува да се случи за околу две години, како што открива за МИА градоначалникот на грчката општина Преспа Јоргос Стергиу.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Стергиу говори за важноста на овој граничен премин за соработката со општина Ресен и мотото „Преспа: три земји, две езера, една дестинација“, но и истакнува дека иако растојанието меѓу Преспа и Ресен е околу 15 километри, за да се стигне од едната до другата општина треба да се свртиме цел круг преку Лерин и Битола.

Објаснува дека повторното отворање на граничниот премин е тема за која интензивно се дискутира со години, уште пред потпишувањето на Договорот од Преспа, а доцнењето, според него е од практични причини, во однос на проектите што треба да се реализираат за да може да функционира преминот.

-Денес се чини дека сме во позиција да поставиме временски рок од околу две години, бидејќи студиите за инфраструктурата се подготвени, а веќе стигнавме до финалното одредување на патот што ќе ја поврзе патната мрежа со преминот. Доколку се биде во ред, се очекува во следните месеци проектите да бидат вклучени во програма за финансирање и да започне нивната реализација, објаснува Стергиу.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close