fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поддршката по 600 и 800 денари за пчелно семејство

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства

На 29 февруари годинава на 5 234 пчелари им беа исплатени вкупно 157,3 милиони денари финансиска поддршка или по 600 денари за пчелно семејство.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го одржувале бројот на пчелни семејства до 30 ноември 2023 година.

Земјоделските стопанства кои имаат пријавено над 50 регистрирани презимени пчелни семејства и се евидентирани или регистрирани во АХВ како примарни производители на производи од животинско потекло или се одобрени од АХВ како оператори со храна или имаат предадено мед во објект одобрен од АХВ, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 200 денари по презимено пчелно семејство со што вкупната финансиска поддршка за оваа категорија пчелари ќе изнесува 800 денари по пчелно семејство. (MИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close