fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски најавува субвенции за говеда, кози, органско производство, регистрирани земјоделци и ПОМ

Следуваат субвенции за сточарите!!!

Денеска во Пробиштип со земјоделците од овој регион дискутиравме за тековните активности на Агенцијата и бројните програми и мерки кои ги имплементираме, најави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Продолжуваме со тековна имплементација на програмата за директни плаќања преку која ќе следат исплатите за говеда, кози, органско производство, регистрирани земјоделци и ПОМ.
Работиме и на евалуација на повиците за набавка на добиток и набавка на комбајни како и апликациите пристигнати преку ИПАРД програмата. Преку овие повици се очекува силна поддршка за модернизација на земјоделските стопанства и развој на малите бизниси во руралните средини за што ќе се одвојат над 40 милиони евра.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close