fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Како Босна остана без млеко

БИХ увезува 250.000 литри млеко од Црна Гора

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора соопшти дека Босна и Херцеговина ќе откупи вишок од 250.000 литри млеко од црногорските производители и преработувачи на млеко.

Ова беше договорено на средбата на министерот за земјоделство Владимир Јоковиќ со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина и заменик-претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарц. Како што се наведува во соопштението, тема на средбата било ограничувањето на откупот на сурово млеко во празничниот период. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека претставници на тој владин сектор одржале средба со претставници на млечниот сектор (примарни производители и преработувачи). Не беа објавени повеќе детали, пишува „СЕЕ.биз.еу“, објави https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close