Преку проектот „ЗАЕДНО“, ГРАДИМЕ ДОВЕРБА КАЈ МЛАДИТЕ ЗА СОЖИВОТ И МУЛТИЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА
Младински активности за заедничкото делување на различните националности и исполнување на целите за општествен напредок
Здружението за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО Скопје, во соработка со Здружение за регионална соработка „22 Нентори“ од Битола и Кластер за туризам од Крива Паланка и со финансиска поддршка од Европската унија, официјално го претстави проектот – Младите за соживот и мултиетничка толеранција „ЗАЕДНО“. Целта на проектот е младите и идните креатори на јавното мислење да придонесат кон градење доверба преку јавно застапување и активизам за промовирање на помирувањето, меѓуетничкиот дијалог и дијалогот околу минатото.
Активностите кои се дел од проектот ќе се реализираат во Битола и Крива Паланка, а ќе овозможат дисперзија на влијанието во пошироки рамки на ниво на региони. За добро да се детектираат моменталните состојби, проектниот тим веќе спроведе онлајн истражување и објави јавен повик за вклучување на младите, како активни партиципиенти во проектот, но и во општественото живеење. Проектот цели кон подобро меѓусебно запознавање на спецификите на националностите и намалување на неинформираноста, која често може да биде причина за рецидив на конфликти, меѓуетничка нетрпеливост и сегрегација.
„Започнувањето на еден ваков проект е од клучно значење, за да може, сите ние како граѓани на ова општество, да ги ставиме нашите потенцијали во функција на развој и промоција на прогресивни идеи. Заедничкото делување на различните националности ќе резултира со младински активности за промоција на историјата, културата, идентитетот и традицијата на националностите за да се продлабочи институционалната и вонинституционалната соработка и на двата народи, која мора да биде заедничка, бескомпромисна и насочена кон исполнување на целите за општествен напредок. Ова ќе даде долгорочен бенефит во заедницата, посебно во Пелагонискиот и Североистичниот регион, со акцент на општините Битола и Крива Паланка. Токму затоа проектот, директно ги вклучува младите, каде од една страна ќе учат едни за други , а од друга страна заедно, ќе се обидат да крираат заеднички продукти во функција на културно – историска промоција. Од овој аспект значајна е соработката која ја воспоставивме и со Музејот во Крива Паланка и Музејот на албанската азбука во Битола. Накратко, овој проект е културно – креативно патување на младите од двете општини“, изјави Билјана Младеновска, координатор на проектот „Заедно“.
Проектот вклучува три on-line часови, каде ќе биде вклучен експерт за млади и право, 2 работилници во Битола, од кои едната на тема: Културолошки разлики за заедништво и иновации, а втората на тема: Етнолошките карактеристики и традицијата за соживот и толеранција. Работилницата во Крива Планка е насловена: Промоција на заедништво, историски инпути во денешнината,градење врски и соработка.
„Работилницата во Крива Паланка, претставува сублимат од претходно одржаните работилници кои ќе овозможат работа на младите ентузијасти и на просторот на општина Крива Паланка, преку споделување на знаења во релативно етнички истородна средина, каде со вклученост на експерт за етнологија ќе се овозможи промоција на заедништво, историски инпути во денешнината, градење врски и соработка што води кон реализација на надградени капацитети за развој на организациите за меѓуетнички партнерства и заедничко делување во спречување на конфликти. Во рамките на оваа работилница предвидена е посета и на значајни објекти во Крива Паланка и доближување на историјата на овој град до младите генерации. Најмногу ќе се почитуваме, ако добро се познаваме, едни со други. Дополнителна предност е што оваа година, Крива Паланка е и град на културата и навистина има многу што да понуди, за да ги привлече младите да го посетат градот“, изјави Драган Величковски од Здружение „Кластер за туризам“ од Крива Планка.
„Со вклучување на нашата експертиза и дополнителните соработници, се насочуваме кон едукација на младите за материјалната и духовната култура на народите, за потребата од прогресивност без дискриминација и зголемена меѓусебна толеранција кон постигнување на подобри резултати во општеството. Дополнително, посветуваме посебно внимание на улогата на жените како нови стручни лица и лидери во подем во областа на транзициската правда и помирувањето. Битола е град, кој низ годините негувал големи карактеристични обележја на народите кои живееле на овие простори и отсекогаш важел за мултикултурен град. Сочувани се големи музејски вредности, за кои младите не знаат доволно. На овој начин, заедно учиме за Музејот на албанската азбука, за Хераклеја, за Мустафа Ќемал Ататурк, за Старата битолска чаршија, а истовремено ги мотивираме младите да бидат дел од креирањето на нови содржини, кои ќе значат нови сознанија, адаптирани на начин достапен за младите со можностите на новата технологија“, изјави Сибела Алимовска од Здружението „22 Нентори“.
Младите со овој проект ќе имаат можност да пишуваат новинарски текстови, да снимаат и фотографираат, да прават кратки едукативни видеа и да дадат свои идеи за надминување на предрасудите и стереотипите. Како резултат на планираните активности, проектот се очекува да резултира со: Согледување на културолошките разлики и сличности за творештво преку заедничко делување и иновации на младите луѓе од Битола и Крива Паланка, а на овој начин да биде креирана „база на млади луѓе – промотори“ на културата и традицијата во функција на соживот и толеранција. Исто така, се очекува да бидат надградени капацитетите за развој на организациите за меѓуетнички партнерства и заедничко делување во спречување на конфликти. Со изработката на едукативни и промотивни материјали се очекува поттик на одговорност за воените злосторства и потенцирање на потребата од трајно помирување.
Иако, повикот за вклучување на млади луѓе е затворен и навистина забележан е голем интерес, сеуште постои можност, сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 25 години да се вклучат во работилниците и проектните активности и заеднички да го покажеме продуктивниот потенцијал кој го поседуваат. Работилниците започнуваат идната недела. Сите информации во врска со проектот ќе може да се прочитаат на фан страната на „Профицио“, како и на партнерските организации.
Фотографии или снимки во врска со темата, врска: https://www.facebook.com/proficiomk