fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Алатин Мемишоски уште нема земено субвенции за тутунот, бара чаре да се поправи грешката

Тутунот на Алатин е откупен, а субвенциите ги чека секој ден. Банкарската сметка е празна.

Алатин Мемишоски е млад земјоделец на триесет години, од пелагониското село Канатларци. До ден денешен нема земено субвенции за тутунот од реколтата 2023. Тутунот е откупен, а субвенциите ги чека секој ден. Неговата банкарска сметка е празна, се жали младиот земјоделец.

-Сите зедоа субвенции, само јас ги чекам уште парите, а толку многу ми се неопходно за да ги покривам трошоците на новата реколта. Кога субвенциите беа исплатени, пред речиси еден месец, мојата сметка беше празна, побарав помош и контактирав со Платежната, но ми кажаа дека имам долг за вода. Но, водата е исплатена уште на почетокот на февруари, а во Прилепско поле не ја ажурирале сметката. Кој е виновен сега? Јас? Чекам пари, пари нема. Кој ќе ни ја надомести штетата? Предадов 5300 килограми тутун. А не зедов ни денар. Многу сум разочаран, окапан сум“, вели Алатин за Зелена берза.

Алатин е сериозен земјоделец кој вредно работи на своите ниви. Само годинава расадот по сади на 50 декари земја, работи и очекува позитивни резултати.

Се надева дека надлежните ќе прочитаат за неговата мака и час поскоро ќе му ги исплатат субвенциите, за да може да продолжи со новата реколта на тутутон без грижи. Нивите на Алатин се домаќински сработени и тој е  еден од ретките млади земјоделци што не сака да се откаже од земјата.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close