fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бензинот поевтинува за 1,5 денари, дизелот за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика најави дека вечерва по полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати. Цената на бензините и на нафтата за домаќинствата се намалува за 1,5 денари за литар, додека дизелот ќе поевтини за 1 денар за литар. Се намалува и цената на мазутот.

Максималните цени во малопродажбата ќе изнесуваат:

Моторен бензин       Еуросупер БС – 95                   86,00 (денари/литар)

Моторен бензин       Еуросупер БС – 98                   88,00 (денари/литар)

Дизел гориво            Еродизел БС (Д-Е V)              74,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)              74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                          45,832 (денари/килограм)

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605%  и кај мазутот намалувањето е за 1,907%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%“, образложи Регулаторната комисија за енергетика.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close