fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Горивата од ноќеска поевтинуваат

Дизелот ќе поевтини за половина, а бензините за денар и половина

Малопродажните цени на нафтените деривати од вечерва се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Бензините поевтинуваат за денар и половина, па од ноќеска на полноќ, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари за литар.

Цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,5 денари за литар. Дизел горивото од вечерва ќе чини 74 денари за литар, додека маслото за горење ќе се продава за 73,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,602 денари за килограм и сега ќе изнесува 44,007 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close