fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

„Винска школа“, ЕУ регионална иницијатива – Промоција на вински туризам

Скопје од 14 до 19 мај

Во организација на Регионалната иницијатива за рурална соработка (The Regional Rural Development Standing Working Group in South Eastern Europe – SWG), од денеска до сабота во Скопје ќе се одржува „Винска школа“.

Во рамки на „Винската школа“ учесниците ќе добијат знаења од областа на лозарството, базирани на најновите техники и иновации. Предавањата ќе бидат организирани во два модула „Меѓународен вински маркетинг и промоција на локалниот вински туризам“ и „Климатски промени во лозарството и енологијата“.

Предавачи, како што најавуваат организаторите, ќе бидат искусни експерти од областа на руралните политики, иновативните земјоделски практики и лозарството од земјава и од странство.

SWG е меѓувладина организација, основана 2005 година на Земјоделскиот политички форум, како платформа за политички дијалог и соработка во областите – рурална политика и развој и земјоделие. Во иницијативата се вклучени државните институции надлежни за овие области на Северна Македонија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Република Српска.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close