Кои се милионерите од Кавадарци за 2023 година?
КОЈ е прв? На второто место е винарската визба АД Тиквеш
ИГМ-Трејд на Илија Гечев, неодамна неформално прогласен за најбогат Македонец, е на првото место по остварена добивка во 2023 меѓу сите останати во Кавадарци. Производителот на челични цевки има добивка од 16.000.000 евра за минатата година.
На второто место е винарската визба АД Тиквеш, на групацијата „М-6“ предводена од Светозар Јаневски, а трет е Машинокоп на Лазар Пончев, инаку компанија која е специјализирана за пробивање на траси на патишта и за проширување на рударски окна со минирање. ИГМ-Трејд, АД Тиквеш и Машинокоп се наедно и на листата на Топ-100 компании со најголеми добивки годинава на ниво на целата земја.
Странскиот инвеститор Дракслмајер, кој покрај Кавадарци има и фабрика во Куманово за кабелски сетови за автомобилската индустрија, е на 4.позиција, а по него следува дијализниот центар Нефроплус на Орка Холдинг.
Холандскиот Алајанс Уан, кој откупува и преработува тутун во објектот под закуп на ИГМ-Трејд, е на шестото место, а седми е Црна Река на Лазар Мицев, еден од најголемите продавачи на нафтени деривати на мало и на големо во земјата.
Целиот текст на https://faktor.mk/