fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделците во минус, ја уништуваат непродадената зелка и садат пипер

Велков -Мене 6-7 тони зелка ми останаа во нивите. Јас ја уништив и садев пиперка.

Во струмичкиот крај 30 до 40 отсто од зелката остана непродадена по нивите. Земјоделците сега ја уништуваат со цел да засадат други култури. Објаснуваат дека дел од родот имаат подарено на роднините, пријателите, соседите, но тоа не е решение, затоа што вложиле пари, работеле, изгубиле време, а сега трпат загуби. Жално е што родот се уништува по полињата, но немаат каде да ги пласираат количините.

Мене 6-7 тони зелка ми останаа во нивите. Јас ја уништив и садев пиперка. Завршено е со зелката. Имаше и донации, но за да ја донирам, да плаќам превоз, не бива. Требаше државата, институциите да организираат да се однесе некаде. Кој сакаше можеше да си бере зелка од нивите. Лоша е состојбата. И со доматот е лошо. Донесен е домат од Албанија на пазарите. Не дај боже да се случи истото и со доматот. И копирот не оди, само краставицата се држи засега, ама понатаму цената може да падне“, вели Ристо Велков, претседател на Агросојуз од Струмица во изјава за Фактор.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close