fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

АД ЕСМ е компанија со најголема добивка

АД ЕСМ е компанија со најголема добивка остварена во 2023 кај компаниите чија приоритетна дејност е производство на електрична енергија, додека ЕВН Хоме има најголем профит кај трговците со струја, односно оние што ја продаваат на крајниот потрошувач, истражува Фактор https://faktor.mk/

Државните електрани имаат добивка од 9.770.000 евра, додека универзалниот снабдувач со струја за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар има заработка од над 20.000.000 милиони евра. Сите десет компании – по пет најдобри во двете категории, имаат вкупна добивка од околу 65 милиони евра.

Кај трговците на второ место е ЕВН Продажба, фирмата-ќерка на АД ЕСМ, која ги продава вишоците на електрична енергија и ги снабдува со електрична енергија најчесто јавните установи како болниците и училиштата.

Во Топ-5 трговци со најголеми добивки за минатата година се и имињата на Ренувабал Енерџи Суплај (РЕС), откупувачот на струја од обновливи извори на енергија што потоа ја продава на крајни корисници, „Дуферцо“, кој покрај останатите го снабдува и АД ЕСМ со електрична енергија кога има недостатоци на производство, и Терна Енерџи Трејдинг, која има раст на профитот на годишно ниво од 283 отсто.

Терна Енерџи Трејдинг направи добивка од речиси 2,4 милиони евра со само еден вработен. Станува збор за истоимена компанија од Бугарија која е управувана од петмина Грци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close