fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Рентабилна цена за доматот е 35 денари за килограм

Во моментов благата пиперка се откупува по цена од 60 денари за килограм, а зелката по 7 денари

Бараме рентабилна цена за доматот од 35 денари за килограм и еднаш да се стави крај на неконтролираниот увоз на домати од Албанија и Турција. Веќе цела недела откупот е катастрофален, а ние никако не можеме трошоците да ги покриеме, порачуваат градинарите од Струмичко.Велат дека има голема разлика меѓу цените по кои тие ги продаваат своите домати и онаа која ја плаќаат граѓаните  во другите градови каде изнесувала и до 70 денари за килограм.

Во моментов се откупува благата пиперка по цена од 60 денари за килограм а на некои откупни места имаше и откуп на рана црвена пиперка која се откупуваше за 90 денари.

Оваа сезона раноградинарите во Струмичко имаа проблем и со откупот на зелката која падна и до 7 денари за килограм  што е за неколку пати пониска од лани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close