fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во овоштарниците во Преспа се појави зараза предизвикана од габа од семејството „ервинија“

Пампулески укажува дека нема заштита, а ако се почека уште малку ќе го изгубиме целокупното производство

Претседателот на здружението на овоштари Љубе Пампулески укажува дека во овоштарниците во Преспа се појави зараза предизвикана од габа од семејството „ервинија“.

Тој објаснувајќи за состојбите во земјоделието за порталот „Плус инфо“ вели дека треба да се има предвид дека земјава е длабоко навлезена и погодена од климатските промени, а нема решенија на проблемите предизвикани од тоа.

– Последиците од топлата зима, на пример, и ладната дождлива пролет веќе се видливи во овоштарството и во другите земјоделски гранки. Во овоштарниците во ресенскиот регион поради таквите временски промени се појави зараза предизвикана од габа од семејството „ервинија“, но нема заштита, а ако се почека уште малку ќе го изгубиме целокупното производство. Затоа бараме брза реакција и долгорочни решенија кои ќе ги вклучат и мислењата на земјоделците, науката и стручната јавност за мерките и решенијата кои треба да ги пресретнат климатските промени што доаѓаат – вели тој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close