fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Лани Македонија ја посетиле 200.000 турски туристи, а во Турција заминале 250.000 македонски туристи

Родното место на Свети Павле во Мерсин, црквата Богородица како црква посветена на мајката Христова во Измир, црквата Свети Никола во Анталија и други. Друга одлична туристичка дестинација во срцето на Турција е Кападокија

200.000 турски туристи ја посетиле Северна Македонија минатата година, рече турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој .

-Тоа значи дека околу 20 отсто од туристите кои ја посетиле Македонија во 2023 година биле турски државјани. Истовремено, минатата година Турција ја посетија околу 250.000 македонски туристи, рече амбасадор Фатих Улусој  изразувајќи надеж дека оваа бројка ќе продолжи да расте.

Во Турција има над 500 плажи со сино знаме на бреговите на Медитеранот и Егејското Море, главно во Анталија, Мугла и Измир каде што може да се ужива во одличен летен туризам. Но, туризмот во Турција не е ограничен само на летната сезона, туку, како што потенцира амбасадорот, зимската сезона е исто така одлично време за посета.

Анадолија, која се смета за лулка на цивилизациите, е домаќин на бројни религиозни места значајни и за исламот и за христијанството. Посочи на родното место на Свети Павле во Мерсин, црквата Богородица како црква посветена на мајката Христова во Измир, црквата Свети Никола во Анталија и други. Друга одлична туристичка дестинација во срцето на Турција е Кападокија – земја на природни чуда која е позната по своите живописни долини, уникатните пештерски хотели, мистични подземни градови, вулкански терени и слично. Кападокија е една од најдобрите дестинации за меден месец и за Турците, вели Улусој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close