Агро бизнисБез категоријаВести
Праменка овчеполка – дама со рејбан очила и црни потпетици
Вака познавачите ја опишуваат македонската автохтона раса овци „Праменка овчеполка“.
Овчеполката е многу стара раса. Се смета дека потекнува од четвртиот век од нашата ера.
Во Македонија во 1988 година имало околу 2,5 милиони грла, но до 2016 бројката е сведена на 700.000.
Група љубители на сточарството, но и експерти во оваа област, од 1994 година, по стручен престој во САД, почнуваат со реализација на идеја за зачувување на Праменката. Процесот, кој е макoтрпен и сложен, се уште трае.