fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во кафеана годинава поскапо за 5,9 отсто во споредба со лани

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0,4 отсто, Алкохолни пијалаци за 0,5 отсто и Безалкохолни пијалаци за 0,6 отсто.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5,9 отсто, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

 

Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0,3 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0,4 отсто, Алкохолни пијалаци за 0,5 отсто и Безалкохолни пијалаци за 0,6 отсто.

 

 

 

Во однос на мај минатата година, цените угостителските услуги се зголемени за 5,0 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close