fbpx
Без категорија

Земјоделците во државата не можат да земат ниту минимална плата

Последниве години, ниските откупни цени го уништија земјоделството и ги оставија земјоделците без приходи. Велат дека состојбата во секторот е очајна, а најголем дел од регистрираните земјоделци не можат да остварат ниту минимална плата. Освен тоа, немаат платено боледување, платено породилно отсуство за земјоделките, годишен одмор, работат и во неделите. Ситуацијата во секторот е очајна, а на новата Влада ѝ претстои многу работа за да го крене аграрот на едно пристојно ниво и за да им го врати достоинството на земјоделците

Последниве години, ниските откупни цени го уништија земјоделството и ги оставија земјоделците без приходи. Велат дека состојбата во секторот е очајна, а најголем дел од регистрираните земјоделци не можат да остварат ниту минимална плата. Освен тоа, немаат платено боледување, платено породилно отсуство за земјоделките, годишен одмор, работат и во неделите. Ситуацијата во секторот е очајна, а на новата Влада ѝ претстои многу работа за да го крене аграрот на едно пристојно ниво и за да им го врати достоинството на земјоделците.

– Регистрираните земјоделци во државата не можат да остварат ниту минимална плата, која изнесува 22.500 денари. Откако ќе ги платат придонесите за здравствено и за пензиско и откако ќе ги намират трошоците за производство, не им останува од остварениот приход ни за минимална плата. Причината за тоа се ниските откупни цени, кои, за многу земјоделски култури, беа дури и под производствената цена. Поради тоа, не можеме да оствариме ниту проста репродукција. Да не заборавиме дека нема за земјоделците ни боледување, ни платено породилно, ни празници, ни годишни одмори, ни работно време, ни К-15… – изјави за весникот ВЕЧЕР Ѓорги Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Според него, земјоделецот во Македонија е маргинализиран, а земјоделството е потценета професија. На идната Влада ќе ѝ требаат многу време и труд за да го крене земјоделството на нозе и за да му ја врати вербата на земјоделецот дека неговиот труд повторно ќе биде ценет.

И Дане Јошев, претседател на Здружението „Тиквешки лозароовоштари“, вели дека поголем дел од земјоделците не остваруваат доволно приходи за да ги покријат придонесите, а не, пак, да извадат една плата.

– Оние што планираат професионално да се занимаваат со земјоделство, треба добро да размислат дали да се регистрираат. Ако се регистрира, секој месец мора да плаќа здравствено и пензиско, а некои месеци не остварува доволно приходи ни за да ги намири овие давачки, а камоли да му остане за плата. Да не заборавиме, на голем дел од регистрираните земјоделците, ова им се единствените работа и приход и со овие пари хранат фамилии – вели Јошев за весникот ВЕЧЕР.

Поголем дел од земјоделците не можат да дојдат ниту до минимална плата, бидејќи, последниве години, откупните цени се многу ниски и не ги покриваат ни трошоците за производство, кои постојано се зголемуваат.

– Скапи се нафтата, ќубривата, заштитните средства, надоместокот за вода… а откупните цени се ниски. Поради тоа, мал дел од регистрираните земјоделци можат да остварат минимална плата. Затоа младите бегаат во странство. Оние земјоделци што останаа во државата, се стари од 50 до 70 години и поголем дел се пензионери. Оние, пак, што професионално се занимаваат со земјоделство, мораат да работат и дополнителна работа за да се прехранат, бидејќи нема пари во земјоделството, – додава Јошев.

Слични написи

Back to top button
Close