fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Известување до сточарите-За Курбан Бајрам строго ќе се санкционира колење и продажба на животни на јавни површини

Во пресрет на празникот Курбан Бајрам верниците од исламската вероисповед да ги почитуваат препораките за правилно ракување со остатоците со цел да се избегнат можни здравствени и еколошки проблеми.

Во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Општина Гостивар соопшти дека во соработка со претпријатието „Прогрес пазари”, како локација за продажба на бајрамските курбани, е одреден сточниот пазар во населба „Фазанерија“. Како што нагласуваат од локалната самоуправа, тоа се прави со цел да се зачува чистотата и да се стави ред во продажба на животните.

„Се известуваат сточарите дека наведената локација може да се користи без надоместок и дека продажбата на курбани вон назначената локација, е строго забранета.“ информира општината.

Од таму додаваат дека комуналниот инспекторат ќе биде активен на терен и ќе преземе соодветни мерки против прекршителите на законот за јавна чистота.

Во пресрет на претстојниот празник Курбан Бајрам, полициски службеници од Отсекот за превенција од СВР Тетово во следниот период ќе одржат повеќе работни средби со граѓанскиот сектор, а во насока на непречено и мирно одбележување на овој верски празник.

Целта на средбата беше спречување и санкционирање на продажба на животни без соодветна документација и нивно колење на јавни површини, како и управување со отпадот од остатоците и избегнување на здравствени и еколошки проблеми.
Во пресрет на празникот Курбан Бајрам апелираме до верниците од исламската вероисповед да ги почитуваат препораките за правилно ракување со остатоците со цел да се избегнат можни здравствени и еколошки проблеми.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close