fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделците да внимаваат со опремата за наводнување во близина на далноводите

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далноводите од преносната мрежа.

МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далноводите од преносната мрежа.

– Од исклучително значење е земјоделците да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците. Да не се поставуваат цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси. Да не се креваат во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далноводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија. Да не се поставуваат прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на луѓето кои се наоѓаат под трасата на далноводот – велат од МЕПСО.

Оттаму потсетуваат да не се палат стрништа во близина на далновод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем. Дополнително апелираат спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на дановоди, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далноводите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close