Од 1 јули ќе стане појасно дали и колку ќе поскапи струјата
„Ќе ги искористиме сите механизми коишто ни стојат на располагање за да нема ценовен шок“, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски
Од 1 јули ќе стане појасно дали и колку ќе поскапи струјата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) уверува дека ќе ги преземе сите механизми за да нема ценовен шок, објави dw.com
„Досега сме имале многу потешки периоди и никогаш не сме дозволиле да има сериозна промена на цената на струјата и секогаш сме воделе сметка да го сочуваме стандардот на граѓаните. И сега ќе се водиме исклучиво од нивните потреби“, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
На цената ќе влијае и профитната маржа, која од 1 јули ќе биде 9,9 наместо досегашните 11,5 проценти.
„РКЕ никогаш до сега не дозволи да има ценовни шокови, така и сега ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање за да нема ценовен шок. Треба да почекаме да заврши тендерот за набавка на електрична енергија на 21 јуни и ЕВН хоум да ги достави пресметките за цената на електричната енергија на контрола во РКЕ за да видиме колкава ќе биде цената“, вели Бислимоски.