Жители на кумановското селата Пчиња, Студена Бара и Вак’в излегоа на протест
Депонијата се запали дишат чад
Жители на кумановското селата Пчиња, Студена Бара и Вак’в излегоа на протест и неколку часа го блокираа влезот на депонијата Краста, незадоволни што надлежните од ЈП „Чистота и зеленило“ не реагирале навремено и дозволиле да се запали сметот поради кој од утринава се душат во чад. Тие тврдат дека пред три дена ги известиле надлежните оти има пожар на долниот дел од ѓубриштето, но не било преземено ништо тоа да се спречи, објави sdk.mk
„Депонијата се запали синоќа околу 22 часот. Да не беше месното население, пожарот ќе направеше пустош на житните култури, и ќе се проширеше кон селото. Излезе народот навремено со сопствена маханизација, трактории со лопати го гасневме пожарот до 3 часот утринава. Никој од надлежните досега не излезе да каже што ќе се случи. Населението се гуши од густиот чад, не се диши во селата, а никој не презема ништо. Причина за пожарот е несоодветното работење, а за тоа разговаревме со претседателката на Советот и со сите советници, но никаква полза од тоа“, вели Александар Илиевски, претседател на месната заедница во селото Пчиња.
На депонијата Краста се изнесува ѓубрето од Куманово, па жителите потсетуваат дека се работи за децениски проблем кој го загрозува здравјето на 800 жители и над 200 деца, а утринава интервенирала и Брзата помош. Во густиот чад не е обвиткана само котлината во нивните села, туку и Скопскиот Регион по течението на реката Пчиња.