fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Почна реконструкцијата на локалниот пат за село Магарево

Вкупната инвестиција од општинскиот буџет за реализација на проектот изнесува 7.763.996 денари.

Општина Битола започна со реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат за село Магарево, во должина од 537 метри. Вкупната инвестиција од општинскиот буџет за реализација на проектот изнесува 7.763.996 денари.
Секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, заедно со одговорните лица за координација на проектот од општинската администрација и советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, извршија увид на изведбата на работните активности од страна на изведувачот „ИЗОФАС“ од Прилеп.
За време на посетата на терен беше нагласено дека ова е еден од проектите со кој локалната самоуправа инвестира во подобрување на патната инфраструктура во потпелистерието, паралелно со реализацијата на активностите кои се однесуваат на изведбата на колекторскиот систем и подигнувањето на квалитетот на животната средина.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close