fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

30-годишна Македонка загина кај Солун, три сопатнички во автомобилот се повредени

Битолчанки кои патувале за на море во Грција

Триесетгодишна девојка од Македонија загина во сообраќајна несреќа во близина на Солун денеска, а три други девојки се повредени, известија грчките медиуми. Дел од македонските медиуми објавуваат дека станувало збор за битолчанки кои патувале за Солун.

Тие објавија видео снимка од автомобилот кој е во катастрофална состојба на следниот линк.

Несреќата се случила околу пладне, неколку километри по излезот  Ниселио во правец на Солун. Се судриле неколку автомобили, има повеќе повредени лица и почината жена од Македонија.

Повредените биле пренесени во болница. Една од нив, 27 годишна жена во тешка состојба била веднаш земена за операција, а 25 годишна жена е надвор од животна опасност.

Повреден бил и 74 годишен маж кој го возел вториот автомобил што учествувал во судирот.

Дополнително, една жена била интубиирана од спасувачите на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка.

Слични написи

Back to top button
Close