![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/tfe-tuutn_800x600-780x470.jpg)
Агро бизнисБез категоријаВести
Денес сончево и многу топло-од понеделник температурите ќе бидат во благо опаѓање
АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ќе биде сончево и многу топло со натпросечни температури, а територијата на нашата земја ќе биде во портокаловата фаза за опасност од високи температури.
Во деновите од викендот нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.