fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Македонија има нова влада

Како што рече премиерот Мицкоски во своето експозе, цел на владата на ВМРО-ДПМНЕ е обнова на институциите, борба против криминалот и корупцијата и конечно владеење на правото.

За изборот на новата влада на Република Северна Македонија гласаа 77 пратеници во 120-члениот парламент, 22 беа против, а немаше воздржани. Новоизбран премиер е Христијан Мицкоски.

Како што рече премиерот Мицкоски во своето експозе, цел на владата на ВМРО-ДПМНЕ е обнова на институциите, борба против криминалот и корупцијата и конечно владеење на правото.

Нашата носечка цел е да ја обновиме довербата во институциите на државна власт, да ја елиминираме корупцијата и да обезбедиме владеење на правото, изјави Мицкоски.

 

Во владата на Христијан Мицкоски има 20 мажи и три жени, просечната возраст на членовите на Владата е 47 години – најстариот има 66 години, а најмладиот 33 години.

Во владиниот кабинет 15 члена се од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата на албански партии „Вреди“ и двајца од движењето „Знам“ на поранешниот висок функционер СДСМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

За министер за одбрана е избран од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, за внатрешни работи Панче Тошковски, за надворешни работи и за надворешна трговија Тимчо Муцунски, за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за енергетика, рударство и минерални ресурси е Сања Божиновска, а министе за земјоделство, шумарство и водостопанство е Цветан Трипуновски.

Министер за транспорт е Александар Николовски, министер за локална самоуправа е Златко Перински, министер за образование и наука е Весна Јаневска, министер за култура и туризам Зоран Љутков, министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски, а министер за спорт е Борко Ристовски.

Во квотата министри од коалицијата „Твоја Македонија“ се и претставници на помалите  коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ – лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, кој е министер за односи меѓу заедниците и двајца министри без ресор – претседателот на Социјалистичката партија на Македонија Љупчо Димовски и Шабан Салиу од Ромски демократските сили.

Министри од редовите на коалицијата „Вреди“ се министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, министерот за здравство Арбен Таравари, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министерот за просторно планирање и животна средина Изет Меџити и министерот без ресор Арбен Фетаи.

Двајцата министри од најмалиот владин коалициски партнер на партијата „Знам – За наша Македонија“ се министерот за правда Игор Филков и министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Парламентарното мнозинство, во кое членуваат коалицијата ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“,  „Вреди“ и движењето „Знам“ има вкупно 78 пратеници во Собранието на Северна Македонија со 120 пратенички места.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close