fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од полноќ поскапуваат горивата

Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, за два денари по литар поскапува Еуросупер БС-98, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари по литар

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат од денар и пол до два и пол денари за литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на литар Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, за два денари по литар се зголемуваат цените на Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поскапува за 2,5 денари по литар.

Од ноќеска на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82,5 денари за литар, литар Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари, а новата цена на дизелот ќе биде 76,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 75 денари за литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од  46,720 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close