fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од денеска нова цена на струјата

Сметките за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0.4%.

Од денеска за најголем дел од потрошувачите, сметките за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0.4%.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во четвртокот посочи дека цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во вториот блок има зголемување од 0.85%, во третиот блок од 1.92% проценти и во четвртиот блок од 1.88%, додека евтината струја ќе поскапи за 0.65%.

Тогаш, тој додаде дека со ова, за 88% од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок трошокот за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. Во меѓувреме,  за 8% од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво, сметките ќе се зголемат за 0.48% и за 4% од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот ќе се зголеми за 0.57%.

Ваквата цена на струјата ќе важи до крајот на годината.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close