fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Змија каснала двајца велешани  додека работеле на лозје

Лозарите налетале на змиско гнездо

Змија каснала двајца велешани  додека работеле на лозје во петокот околу 9ч во близина на Војнички Мост, кај селото Војница, кои откако им се влошила состојбата се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

Ѓ. Р. (76) и З. М. (64) налетале на змиско гнездо, а змијата, според нивно кажување поскок, го каснала прво едниот на третиот прст од раката, вториот притрчал да помогне па го каснала и него за четвртиот прст од раката. Со нив имало и други лица кои притрчале, го подврзале местото на каснувања и со сопствени автомобили тргнале во болницата во Велес. Тие веднаш побарале и помош од Итната помош.

„Примен е повик за каснати лица од змија, екипата веднаш се упатила, пресретнати се на пат за Велес, дадена е неопходната помош, по што итно се префрлени в болница“, кажа д-р Василка Пановска, началничка на службата на Итна помош при Здравствениот дом.

Од Општата болница во Велес кажаа дека на двајцата пациенти каснати од змија по 15 часот им се влошила состојбата и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

Извор https://sdk.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close