fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаСоветиТоп вести

Земјоделците разочарани – Житото се откупува по ланска цена

Започна жетвата на житото во Велешко

Започна жетвата на житото во Велешко, а земјоделците се разочарани оти цената е иста како ланската, далеку од реалната. Пченицата се откупува по 11 денари за килограм, а производната е 18 до 20 денари, јачменот по 9 денари за килограм, додека реалната е 15 денари. Поради ваквата состојба земјоделците не знаат што да прават, да го продаваат под реалната цена или да складираат и чуваат, па да го продадат потоцна, ако се даде можност.

„Државата нема стратегија за стратешка култура, житото. Можеби новата влада ќе има повеќе чувство. Може ли со таква инфлација, години по ред цената на јачменот, пченицата да останува иста, а цената на горивото, вештачкото ѓубре, отидоа високо. Лани многумина не го предадоа, не го продадоа и го чуваа дома во амбарите. И глувците го изедоа. Сега сме соочени со ист проблем, дали да го дадеме по ниска цена или ако го ставиме да биде храна за глувците“, вели земјоделец од велешкото село Иванковци.

Во Велешко јачменот  се засејува сѐ повеќе, на три илјади хектари, а пченицата сѐ помалку, засеана е на 600 хектари. Овој дисбаланс се должи што млинарите се повеќе увезуваат пченица за производство на леб, додека јачменот се користи како сточна храна.

Извор https://sdk.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close