Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести
Невремето направи штети кај земјоделските култури во Росоманско
Локалната самоуправа на Росоман објави јавен повик до жителите во населбата и другите населени места, да ги пријават штетите предизвикани од природната непогода од обилните врнежи од градобијни зрна.
Штети кај земјоделските култури во Росоманско се евидентирани по невремето што го зафати регионот пред неколку дена. Локалната самоуправа на Росоман објави јавен повик до жителите во населбата и другите населени места, да ги пријават штетите предизвикани од природната непогода од обилните врнежи од градобијни зрна.
Во јавниот повик се појаснува дека станува збор за штети од невремето на 27 јуни, а оштетените земјоделци, треба да се пријават во општинските простории.
-Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта на подносител, трансакциска сметка и доказ за сопственост на имот, имотен лист или договор за закуп, се вели во јавниот повик до земјоделците.