fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Факултетот за земјоделски науки и храна дел од проектот DIVAGRI (2021 – 2025)

Соопштение за проект DIVAGRI (H2020)

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во состав на УКИМ во Скопје е еден од 19 партнери во спроведувањето на проектoт “Патеки за диверзификација на приходите во Африка преку циркуларни и биолошки-базирани иновации во земјоделството” со Акроним  DIVAGRI (2021 – 2025), финансиран од програмата на Horizon 2020 на Европската Комисија. DIVAGRI е акционен истражувачки проект кој има за цел да ја подобри продуктивноста на земјоделските производители преку воведување на седум нови технологии во примарното производство, но и подобрување на соработката помеѓу производителите и индустријата, зачувување на животната средина, итн во регионите на истражување и пошироко. За постигнување на резултатите од овој проект се утврдени неколку целни активности меѓу која и воспоставување и активирање на Заедници со практики (Communities of Practice), со цел да се олеснат партнерските соработки со засегнатите страни во целните региони. Исто така, едни од целите на проектот се и утврдување на поврзаноста на производните, економските и социјалните практики, како и оние поврзани со  животната средина низ целиот земјоделско-прехранбен ведносен синџир во целните региони. Меѓу другото, проекетот има за цел и утврдување на постоечките стратегии за комерцијализација и бизнис модели низ целиот вредносен синџир за секое одделно производство, поврзување на научните сознанија со традиционалното познавање со цел да се капитализира постоечката експертиза во однос на тековно применетите одржливи практики, технолошки развој и трансфер во рамките на проектот базирани на локалните потреби, со цел висок потенцијал на прифаќање. Проектот ќе овозможи и споредливост на податоци помеѓу земјите и споделување на најдобрите практики од субсахарскиот регион на Африка, како целно подрачје за трансфер на добиените резултати. Академски тим за имплементација на проектните активности од ФЗНХ се: проф. д-р Вјекослав Танасковиќ-координатор, проф. д-р Ордан Чукалиев, проф. д-р Тошо Арсов, проф. д-р Александра Мартиновска Стојческа, проф. д-р Ивана Јанеска Стаменковска, проф. д-р Миле Марковски и М-р Стојанче Нечковски.

The DIVAGRI project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 Research and Innovation Programme under grant agreement No 101000348. This publication reflects the views only of the author, and the European Union cannot be held responsible for any use, which may be made of the information contained therein.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close