fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМлад земјоделецРурален туризамТоп вести

Иновативен систем за микронаводнување-„SLECI“

Второ соопштение за проект DIVAGRI (H2020)

DIVAGRI е акционен истражувачки проект кој има за цел да ја подобри продуктивноста на земјоделските производители преку воведување на седум нови технологии во примарното производство, но и подобрување на соработката помеѓу производителите и индустријата, зачувување на животната средина, итн во регионите на истражување и пошироко. Една од новите технологии која се користи во истражувањето е и SLECI системот за наводнување, кој е развиен од страна на Институтот за полимерни и производни технологии (IPT) и патентиран од Универзитетот за применети науки Висмар (HSW) во Германија (патент број: DE 102019005311.7). Кратенката SLECI значи Self-regulating / саморегулирачки, Low-Energy / ниско-енергетски, Clay based / базиран на глина, Irrigation / систем за наводнување. Во моментов системот SLECI се тестира на неколку демо и пилот опити во некои африкански држави, партнери во овој проект. Експерименталните истражувања се надгледуваат од истражувачки институции вклучени во проектната активност. Покрај демонстративните површини во Африка, ефектите од примената на оваа техника се испитува и во Институтот за овоштарство во Пловдив, а во дел од истражувањата учество има и академскиот тим од ФЗНХ.

Инаку, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во состав на УКИМ во Скопје е еден од 21 партнери во спроведувањето на проектoт “Патеки за диверзификација на приходите во Африка преку циркуларни и биолошки-базирани иновации во земјоделството” со Акроним  DIVAGRI (2021 – 2025), финансиран од програмата на Horizon 2020 на Европската Комисија.

Подолу, во ова второ соопштение, ќе прикажеме како функционира ова иновативно био-базирано решение кој е вклучен во оваа проектна активност.

The DIVAGRI project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 Research and Innovation Programme under grant agreement No 101000348. This publication reflects the views only of the author, and the European Union cannot be held responsible for any use, which may be made of the information contained therein.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close