fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи

Во која насока треба да се движат земјоделските задруги

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

– Мораме да работиме да го развиваме задругарството, во моментов се наоѓаме во еден правен вакуум бидејќи законот за земјоделски задруги е укинат и се формираше еден посебен закон за задруги меѓутоа делот на земјоделските задруги остана недефиниран. – изјави Трипуновски.

На панел дискусијата се споделија неколку идеи за во која насока треба да се движат земјоделските задруги, а министерот Трипуновски ги презентираше мерките и проектите од владината програма за земјоделски задруги.

Преземавме обврска да веќе во наредниве месеци да го измениме законот за земјоделство и рурален развој каде што ќе ги дефинираме земјоделските задруги и нивното здружување. Ние во нашата владина програма имаме ставено фокус на задругарството преку разни мерки и проекти се со цел да овој начин на здружување биде еден од алките на решавање со пласманот на нашите земјоделски производи – заврши Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close