fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени

Топлотниот бран со многу високи температури што ја зафати земјава неповолно влијае на сите земјоделски култури. Единствено, како што велат агрометеоролозите, сувото и топло време е поволно за жетвата на јачменот која е при крај, како и за жетвата на пченицата која е во полн ек.

Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува производителите да ги користат сите можни капацитети за наводнување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close