Од полноќ поевтинуваат сите горива
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,822%, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,043% , кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 3,906% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,715%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,245%.
Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 | – | 83,00 (денари/литар) |
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 | – | 85,00 (денари/литар) |
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | – | 75,50 (денари/литар) |
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | – | 73,50 (денари/литар) |
– Мазут М-1 НС | – | 46,909 (денари/килограм) |
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 ден/кг.