Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
По пожарот во Битола – Коњановски го стави во целосна функција штабот за заштита и спасување
Во борбата со огнената стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола, претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.
Голем пожар попладнево го зафати просторот над обиколницата во Битола.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го стави во целосна
функција штабот за заштита и спасување, а екипите на терен во постојана
координација со градоначалникот се зголемуваат. Во борбата со огнената
стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола,
претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.