fbpx
Агро бизнисБез категоријаМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

Површините со пченица значително се намалиле, па од некогашните 80.980 хектари, во текот на минатата година со оваа житна култура биле засеани само 69.522 хекатри.

Намалување на засадените површини со земјоделски продукти бележи државниот завод за статистика во последната анализа „Македонија во бројки“.

Пад кај обработените површини има кај повеќето култури, а зачудува фактот што и покрај растот на површините кои се засадени со некои култури, како што се доматите, има намалување на произведените количини, пишува faktor.mk

–  Растителното производство во периодот од 2013 до 2023 година се карактеризира со намалување на површините под пченица и тутун, а површините на јачмен и домати бележат пораст – посочуваат статистичарите.

Бројките покажуваат дека површините во Македонија „покриени“ со пченица значително се намалиле, па од некогашните 80.980 хектари, во текот на минатата година со оваа житна култура биле засеани само 69.522 хекатри.

Намалување имаме и кај засадените јаболки и винови лози. Имено од 4.385.971 засадени јаболка во 2013 година, нивниот број се намалил на 4.056.034 стебла минатата година.

Исто така и кај грозјето има намалување, па од 82.354 илјади родни пенушки во 2013 година, нивниот број се спуштил на 78.778 илјади стебла минатата година.

Од друга страна статистичарите утврдиле дека кај засадените површини со домати имаме раст. Па од 5.457 хектари во 2013 година, површините на кои се засадува овој зеленчук се зголемиле на 5.666 хектари.

Но, се забележува уште една негативна појава во македонското земјоделие. А тоа се слабите приноси по хектар.

Зачудува фактот што иако имаме раст на површините кои биле засадени со домати, произведените количини се намалиле.

Па така кај доматите од некогашните 23.999 килограми домати добиени на еден хектар во 2013 година, нивната количина спаднала на 20.541 килограм на хектар.

Ниту кај пченицата состојбите не се значително подобри. Па така во 2013 година биле произведени 3.198 килограми пченица по хектар, додека во 2018 се зголемила на 3.396, за во текот на минатата година повторно да има намалување и да спадне на 3.095 килограми пченица по хектар.

Дури и приносите на јаболките се намалиле. Имено кај јаболките статистичарите пресметале дека на едно стебло во 2013 година се родиле 26 килограми јаболка, чија количина се зголемила во 2018 година, за потоа минатата година да забележи драстичен пад и да спадне на само 20 килограми јаболка од стебло.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close