fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Трагедија во село во Македонски брод – Ја чистел пушката го убил пријателот

Во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото

На 15.07.2024, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишиле од слобода Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Имено, како што претходно пријавил Т.Т., околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close