fbpx
Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Во Катланово место што изобилува со лековити води, млади жени доаѓаат со надеж да забременат, други пак, да ги излечат очите

Преубаво место сместено во кањонот на реката Пчиња кое изобилува со лековити води кои според верувањата на луѓето, имаат различна исцелителна моќ: наводно помагале за лечење на бубрезите, очите, но и за брачните двојки кои немаат деца... А поводот беше празнувањето на празникот на Света Недела (20 јули) во истоимената црква на карпата надвисната над кањонот

На само 20 километри од центарот на Скопје се наоѓа селото Катланово каде што се испреплетуваат медитеранската клима од југ и умерената континентална клима од север. Викендов екипа на весникот ВЕЧЕР беше во посета на ова преубаво место сместено во кањонот на реката Пчиња кое изобилува со лековити води кои според верувањата на луѓето, имаат различна исцелителна моќ: наводно помагале за лечење на бубрезите, очите, но и за брачните двојки кои немаат деца…

Чудно е колку едно мало место лоцирано во близина на главниот град носи вистинити приказни, многу извори кои се верува дека излечиле, и природни богатства кои се вистински рај и мелем за очите и душата.

А поводот беше празнувањето на празникот на Света Недела (20 јули) во истоимената црква на карпата надвисната над кањонот, на самиот лев брег на реката Пчиња спроти Катлановска Бања. До неа може да се дојде преку пешачкиот мост на реката Пчиња од Катлановска Бања каде е последната станица на автобусот „53“ или преку патот Катланово – Градманци (се наоѓа веднаш на неговата лева страна). Во рамките на црквата има минерални извори на вода, која често ја полнат посетители на бањата за лекување на повеќе болести.

Ние се одлучивме да одиме по кривулестиот тесен пат кој води од село Катланово до Катлановска бања. На самиот пат, од левата страна има една чешма од која тече смрдлива и лековита вода, која, оние кои ги затекнавме како ја полнат, велат дека е добра за стомачни болести и бубрези. За да наполните вода од овде, треба да почекате, бидејќи има луѓе со велосипеди или возила, но често пати и пеш доаѓаат и полнат шишиња со вода. Од тука вода пие цело Катланово и поблиските села.

Ова е само еден од неколкуте извори што се околу Катлановска бања. Од некои извори тече ладна, а од други топла вода. Токму од овој извор тече топла вода која има непријатен мирис на расипано јајце. Луѓето кои ги прашавме дали водата е безбедна за пиење, ни рекоа дека досега никој немал проблеми од водата и дека ако е неисправна одамна чешмата ќе била сопрена или поставено натпис дека е неисправна. И ние се напивме од водата, но не забележавме некакви проблеми.

Автор Светлана Блажевска

Целиот тест на https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close