Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести
Започна реконструкцијата на коловозот на ул.„Индустриска“ во Битола
На потегот од влезот во населбата Боримечка, до мостот на реката Курделес.
Започна реконструкцијата на коловозот на ул.„Индустриска“, на потегот од
влезот во населбата Боримечка, до мостот на реката Курделес.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со дел од
советниците во Советот на општина Битола, извршија увид во градежните
активности на терен.
На потегот во должина од 168 метри, ќе се изведува коловоз со ширина од
6 метри и тротоар од 1,5 метри.
Вредноста на инвестицијата во овој проект е 2.454.000 денари.
Подобрувањето на патната инфраструктура во овој дел од градот е многу
значајно, особено за жителите на населбата Боримечка.